Мекдоналдс се враќа – Скопски бизнисмен ќе ја добие франшизата?


Познат скопски бизнисмен е заинтересиран да ја добие франшизата за Мекдоналдс, за Македонија, дознава Лидер.

mcdonalds-

Два месеци откако Мекдоналдс стави клуч на своите продавници во јавноста на големо се шпекулира дека освен Јаневски и бизнисменот, кој исто така е влезен во угостителскиот бизнис, пројавил интерес за рестораните на Мекдоналдс.

Лидер ги контактираше одговорните за комуникации во централа на Мекдоналд во Европа, но од таму не откриваат детали, само кусо одговорија дека договорот за франшиза од 14 мај годинава е прекинат, а компанијата СЈ веќе не ги поседува правата да работи со рестораните под брендот на Мекдоналдс.

Лидер го контактираше Свето Јаневски, човекот кој ја поседуваше франшизата за Мекдоналдс. Дали се уште е заинтересиран за Мекдоналдс, не успеавме да добиеме одговор, иако тој претходно најави дека ќе преговара за враќање на франшизата и дека ќе бара решение за повторно да се отворат седумте ресторани во земјава.

Целата анализа прочитајте ја на Лидер.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1