„Мерцедес“ се заби во автобус во Скопје


Сообраќајна незгода помеѓу автобус „лаз“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на ЈСП-Скопје, управуван од 42-годишниот И.С. од Скопје и возило „мерцедес“ со непознати регистарски ознаки, управувано од непознато лице кое веднаш побегнало од местото на настанот, се случила вчера во Скопје во 15.20 часот, на булеварот „Александар Македонски“.jsp avtobusi

При незгодата возачот на автобусот закочил, при што патничката З.Д. (60) од Радовиш паднала во автобусот и се здобила со тешки телесни повреди.

Таа со возило на Итна медицинска помош била пренесена во болницата „Св. Наум Охридски“, каде и била укажана лекарска помош и била задржана на понатамошно лекување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1