Месечар паднал од осми кат и преживеал!


Триесет и пет годишен месечар преживеал пад од осми кат, кога во сон излегол низ прозорецот на својот стан во Њујорк.

Ренди Потисан паднал на градежно скеле, шест ката подолу од катот на кој живеел. Инцидентот се случил во 5 часот наутро.

Набрзо на местото на настанот пристигнале пожарникари кои го подигнале ренди од скелето и низ прозорецот го внеле во стан, каде дошла итна помош.

Њујорчанецот при падот скршил нога и има повреди на градниот кош и грбот. Неговиот брат изјавил дека Ренри и претхдоно месечарел.

– Загрижена сум за него. Се плашам дека следен пат можеби нема да има ваква среќа – изјавила девојката на Ренди, која открила дека тој зема лекови за спиење пред да си легне.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1