Мигрантите од Иран одбиваат да се вратат назад, еден од нив пробал да се обеси


Повеќе од 700 економски мигранти се заглавени од грчката страна на македонско-грчката граница  и бараат да ја поминат границата за да го продолжат патот кон некоја од земјите членки на ЕУ. Еден од нив од полицајците беше спречен да се обеси, очаен дека не може да го продолжи патот кон подобар живот,пренесува МКД.МК.migranti gevgelija makedonija policija

Ние не се враќаме назад, порачуваат миграните од Иран, Пакистан и Бангладеш.

Тие одбиваат помош, не примаат храна и вода и одбиваат да се вратат во Грција и бараат да се пропуштат за да го продолжат патот кон ЕУ. Тие и оваа ноќ ќе ја поминат во импровизираниот камп од грчка страна, од каде што не запираат да доаѓаат автобусите со бегалци и мигранти.

На другата страна, границата без проблем ја поминуваат бегалците од Сирија, Авганистаан и Ирак. Од пред два дена Словенија, Хрватска, Србија и Македонија го променија режимот на пропуштање на бегалците и мигрантите – се пуштаат само бегалците од воените жаришта од Сирија, Авганистан и  Ирак, но не и економските мигранти од Иран, Пакистан, Мароко, Судан, Конго, Алжир…

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1