Минхен: Осомничен 18-годишен доселеник од Иран


Минхенската полиција смета дека вооружениот напаѓач во трговскиот центар „Олимпија“ бил 18-годишен доселеник од Иран со германски пасош и дејствувал сам.

Полицијата на Минхен во првото соопштение откако во 2 часот по полноќ во саботата објави дека е укината вонредната состојба, појасни дека двете лица кои набрзина го напуштиле трговскиот центар бегајќи од „Олимпија“ и кои беа осомничени за соучесништво во нападот, немаат поврзаност со нападот.raspored

Телото на младиот маж, кој најверојатно извршил самоубиство, е најдено на километар од местото на нападот.

„Осомничениот, кој според податоците кои во моментов ги поседува истрагата, е 18-годишен германски Иранец од Минхен“, изјавил за новинарите првиот човек на минхенската полиција Хубертус Андре, пренесе телевизијата ZDF.

Откако пукал врз случајните минувачи во близина на трговскиот центар „Олимпија“, според првичните сознанија, тој извршил самоубиство, додаде Андре, но истакна дека сé уште не е познато што точно се случило.

„Во текот на потрагата полициските службеници во цивилна облека во првата фаза од операцијата контактирале со напаѓачот и стрелале кон него. Дали го погодиле или не, ќе покаже обдукцијата“, истакна началникот.

Мотивите за нападот врз случајните минувачи не се познати. „Мотивите и предисторијата на неговото дејствување сосема се непознати“, изјавил Андре.

Истакнал дека воопшто не се покажале како точни информациите за тројца напаѓачи, престрелки на други локации низ Минхен, како и за земањето заложници или поставена бомба, но дека патролите во градот ќе продолжат уште извесен период.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1