Министер ја уцени главата на авторот на ,,Невиноста на муслиманите,, – 100 000 долари


Пакистанскиот министер за железници Гулам Ахмед Билур јавно ја уцени главата на авторот на филмот ,,Невиноста на муслиманите,,  понуди награда од 100.000 долари за убиство на авторот на антиисламскиот филм

– Објавувам дека оној кој ќе го убие богохулникот што го навреди пророкот ќе добие награда од 100.000 долари,, изјавил министерот.

Додал дека би го убил со сопствени раце авторот да може и ги повикал и талибанците и Ал Каеда да бидат „партнери во овој благороден чин“

Инаку веќе некое време се говори дека филмот на авторот Накула Басли Накула „Невиноста на муслиманите“, воопшто и не постои.

Освен 14-минутниот трејлер на „ЈуТјуб“ никој не го видел спорното филмско остварување. Сите обиди да се најде филмот пропаднаа. Такво нешто не е најдено ни во домот на авторот.

,, Филмот не постои. Долго време го баравме целиот и не успеавме ништо да најдеме, изјави Мариум Мохиудин од Советот за муслимански јавни работи.

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1