Министерството за труд бара МВР да ја испита градинката во Чаир


Министерството за труд и социјална политика испрати соопштение за нерегистрираната градинка „Пчела“ во Чаир. Од Министерството денеска испратиле инспектори од Секторот за инспекциски надзор над примената на законските и други прописи од областа на социјалната заштита и заштита на децата.Со вонредниот инспекциски надзор на локација во Општина Чаир, по дојава за работа на предучилишна установа за деца, за која Министерството не издало соодветно решение и по укажување на граѓани, биле затекнати деца во приватна куќа, во адаптирани училишни простории со соодветна опрема (вкупно 20 деца, од 6 до 11-годишна возраст) и биле затекнати две наставнички.

„И децата и наставничките потврдија дека тука се одржува настава со верски обреди (молитви, поклоненија и учење на верски книги) од 11-16 часот секој работен ден. По барање на инспекторот од Државниот инспекторат за труд, за увид во документацијата за работа на објектот, било кажано дека целокупната документација ја поседува сопственикот на хуманитарното здружение „Мустафа Паша“, кој е турски државјанин. Исто така, од кажување на присутната наставничка, оваа хуманитарна организација имала повеќе објекти со ист воспитно-образовен карактер, но истата не знаела каде се наоѓаат“, стои во соопштението од МТСП.

Од Министерството информираат дека во интерес на безбедноста на децата кои спротивно на законот, се згрижуваат во т.н. хуманитарна организација, ќе побараат од МВР и од Министерството за образование и наука, во рамките на своите ингеренции, да ја испитаат оправданоста, карактерот, целите и намерите на хуманитарната организација.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1