Мислите дека купувате маслиново масло – тогаш и вие сте измамени, купувате масло од семки


Практикувате ли здрава исхрана преполна со зеленчук зачинет со маслиново масло? И тоа екстрадевствено со висока цена? Ако сте еден од нив, можеби влегувате во групата на илјадниците измамени што наместо ладно цедено масл иново масло купиле масло од семки. Британските медиуми  објавија голема афера со потекло од Италија во која откриваат илјадници литри фалсификуван маслинов зејтин. И тоа не кој било, туку ладно цеден.

maslinovo masloСпоред медиумите, само 10 отсто од светското производство на ова масло ги задоволуваат критериумите и декларациите. Другото е фалсификат. За трагедијата да биде поголема, во големите трговски ланци најголемата понуда на масло од маслинки е всушност од овој тип ладно цедено маслиново масло. И тоа, според рекламите и цените, с` што се нуди е со највисок квалитет.

– Ако на литар од ладно цеденото се додаде само 10 отсто друг тип масло, може многу да се заработи. Лажното масло може да се открие единствено со анализи на масно-киселинскиот состав, бидејќи секое има различен состав. На сите пазари најмногу се бара италијанското екстрадевствено маслиново масло и затоа тоа најмногу се фалсификува – пишуваат британските медиуми.

Најчеста метода за фалсификување е со додавање маслиново масло со полоша категорија, кое се добива од лоши маслинки и нивни семки, но и од маслодајна репка или соја, а бојата се нагодува со додавање хлорофил, кој се разредува или со бета-каротен.

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1