Мистерија на оргазмот: Колку трае женскиот, а колку машкиот оргазам?


Просечниот женски оргазам трае само 1,7 секунди, додека машкиот дури 12,4 секунди.

 

 

Феноменот на оргазам во последно време е многу коментиран, но, сексолозите  и стручњаците се занимаваат со него секојдневно, откривајќи некои интересни факти за достигнување на врвно уживање во сексот, за кој сите копнееме.

Германскиот сексолог, Ролф Деген спровел темелно истражување за да го дознае просечното траење на оргазам кај луѓето.

ПРОСЕК
Просечниот женски оргазам трае само 1,7 секунди, додека машкиот дури 12,4 секунди. Со тоа, тој пресметал дека жената поминува еден час и 24 секунди задоволство во текот на целиот живот, додека машкото ужива во девет часа и 18 секунди оргазам во животот.

ИНТЕЛЕКТ
86% мажи признале  дека повеќе уживаат во сексот ако нивната партнерка е интелектуално поинфериорна од нив, додека жените изјавиле дека шансите дека ќе доживеат оргазам со поголеми ако партнерите им се партнерите интелектуално посупериорни.

 62% од жените со високо образование имаат проблеми со постигнување на врвот, додека процентот за ова е помал кај жените со помало образование. – 38%.    Канадски и германски научници тврдат дека, колку помало образование има жената, толку подобар оргазам ќе имаат. Шокантните податоци се дека 55% од високо образованите жени, со душа чекаат да ги доживеат благодетите на оргазмот, додека 70% од оние кои не завршиле ни средно училиште, немаат никаква забелешка во тој поглед.

 ЕЈАКУЛАЦИЈА
Спермата може да „достигне“ дури 1,5 метар, додека излегува со брзина од 45 км на час. Мажите обично ејакулираат 3-4 „порции“ за време на еден оргазам.

Околу 17% од жените, способни се за повеќе оргазми, што траат 20-30 секунди. Пулсот на машкото оди 100-150 во минута, за време на оргазам.

Американските психолози за време од 10 години го набљудувале животот на 300 жени, кои се лечеле од пореметување што им оневозможува постигнување на оргазам. Ги споредиле нивните биографии со биографиите на жени што имале слични проблеми, но, кои го прекинале лекувањето. Бројот на разводи значајно се зголемил во групите кај жените што одбиле да продолжат со третман.

Tags: , , ,

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1