Мистеријата на најфаталната жена во светот – безброј љубовници, многу тајни – завршила стрелана


Британски МИ5 ги објави деталите за злогласната шпиунка и нејзиното последно интервју пред погубувањето

mata_hari4

Некогаш тајните документи, ја покажуваат жената воопшто непотресена за прашањата поврзани за бројот  на љубовниците кои ги имала во текот на животот.Судејќи по еден документ, оваа листа е прилично долга и опфаќа Германци, Французи, Шпанци, Руси и Швајцарци.Кога била запрашана за сите мажи кои во текот на животот ги имала пред нејзиното погубување од страна на стрелачкиот одред во Франција на 5 октомври 1917 година, таа одговорила дека ги сакала сите офицери и дека како љубовник повеќе би одбрала сиромав офицер, отколку богат банкар.

Mata_Hari_15И иако документите од 22 мај истата година, бележат дека на тој ден  таа признала дека била вклучена во Германската тајна служба, документ во сопственост на МИ5 тврди дека Мата Хари никогаш не дала целосно признание ниту пак предала некој кој бил нејзин соучесник.

Поедини академици тврдат дека таа никогаш не им кажала никаква тајна на Нацистите, иако се смета дека имала учество во страдањето на 50.000 сојузни војници.

Меѓу документите, се наоѓаат и работите кои и биле одземени додека била во притвор и меѓу нив се наоѓаат кутија со шест шешири и имитација на праски.

mata3Маргарета Гертруда Зеле, позната под уметничкото име Мата Хари, била холандска егзотична танчерка. Стрелана е како германски шпион во текот на Првата светска војна.

Потекнувала од имотно семејство. Се омажила во 1895 година, за официр од шкотско потекло во холандската војска. Од 1897 до 1902 година живееле во Јава и Суматра. Подоцна се вратиле во Европа и се развеле.

Имале две деца кои починале во детството и раната младост. Маргарета станала егзотична танчерка во Париз во 1905 година. Набрзо го зела името Мата Хари, што на малајски јазик значи сонце, или околу денот. Била висока, атрактивна и вешта во индиско танцување.На сцената се појавувала речиси гола. Постигнала голем успех во Париз.
Станала љубовница на милионерот Емилио Гиме, а имала и низа врски со други богаташи.
mata 2Се претставувала како принцеза која учела да танцува од мала, што во Европа во тоа време претставувало мистерија. Покрај играњето, таа се фотографирала еротски.За време на Првата светска војна, таа патувала меѓу Англија, Франција, Холандија и Шпанија. Постоеле гласини дека работела како шпион за Франција.Уапсена е на 13 февруари 1917 година во хотелска соба во Париз. Осудена е како германски шпион и стрелана на 15 октомври 1917 година.

Нејзиниот вистински ангажман во улогата на шпион никогаш не е потврден. Некои историчари сметаат дека Мата Хари е жртвувана за да се прикријат другите промашувања на тајните служби. Тајните документи за нејзиниот случај ќе станат јавно достапни во 2017 година. Судбината на Мата Хари е инспирација за бројни филмови.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1