Мистеријата на сликата 313: Ова е забранетиот дел од филмот, светот по грешка го виде убиството на Кенеди


Многу луѓе слушнале за филмот на Запрудер, единствената снимка од атентатот на американскиот претседател Џон Кенеди.

Точно 486 сликички од филм се направени тој сончев ноемвриски ден во 1963 година во Далас.

Зад камерата стоел кројачот Абрахам Запрудер и во тие 26 секунди од филмот е забележано едно од најопасните злосторства.

Меѓутоа, малку е познато дека Запрудер лично барал да не се објави една сликичка од целиот филм. Сликичката број 313 му задавала ноќни кошмари затоа што на неа јасно се гледа моментот кога куршумот го расфрла мозокот на Кенеди.

Требало да помине повеќе од деценија по убиството во Далас за американската и светската јавност конечно да ја видат таа клучна сликичка.

Запрудер ги продал авторските права за филмот на магазинот лајф за 150.000 долари, но и јасно им рекол дека не сакал да се објави клучната сликичка. Не сакал да се пушти тоа зло во американската колективна свест, а и Лајф го делел неговото мислење.

Секако, некој го објавил целиот филм, заедно со сликичката 313. Тој некој бил Жералдо Ривера, славниот телевизиски водител. Кога тој во 1975 година првпат го прикажал целиот филм, американската јавност видел нешто за што само читале и така се родиле и првите теории на завера.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1