Мистериозни убиства во популарното одморалиште


Во еден автомобил на паркинг во мексиканското одморалиште Кабо Сан Лукас се пронајдени тела на три лица убиени со огнено оружје, соопштија мексиканските власти.

Полицијата во неделата наутро по локално време пронаде тела на двајца мажи и една жена и тоа во централниот дел од одморалиштето.
Локалните медиуми пренесоа дека едно тело е пронајдено на седиштето во автомобилот „тојота“ со зелена боја, а другите две тела биле во багажникот.

Сите три жртви се убиени со огнено оружје, со траги од мачење, додаваат мексиканските медиуми.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1