Митови за жените!


Дека мажите и жените се различни секако е јасно. Мажите не разбираат зошто жените прават некои работи и обратно. Ви ги претставуваме петте митови, вистини и заблуди за она што прават жените, но и совети како сето тоа да го ублажите или искорените.

Мит: Сите жени сакаат „лоши“ момци

Вистина и заблуда: И да и не. Жените сакаат внимателни момчиња кои се самоуверени и способни. Сите лоши момчиња ги покажуваат своите чувства кога се сами со својата сакана, а добрите тоа го прават постојано што понекогаш може да и здосади на жената.

Совет: Какви и да сте, не дозволувајте жените да ве „изработат“, бидете внимателни но и гласно кажувајте ги вашите мислења или коментирајте кога нешто ви смета.

Мит: На жените им треба многу време за подготовка

Вистина и заблуда: Жените си посветуваат големо внимание на својот изглед поради мажите но и поради другите жени. Потребно им е повеќе време да се средат, но тоа никогаш не е онолку колку што мислите. Но мажот е оној кој се подготвува многу брзо, пред жената, а тоа не мора да значи дека нејзе и треба многу време.

Совет: Отворете пиво додека чекате да се подготви. Не викајте и не ја потсетувајте на секои пет минути бидејќи тоа само ќе предизвика нервоза кај неа. Бакнете ја и суптилно соопштете и дека не е културно другите да чекаат толку многу, а потоа понудете и помош, се разбира доколку и е потребно.

Мит: Жените изневеруваат бидејќи им е потребно внимание

Вистина и заблуда: Ова е главно вистина бидејќи некои мажи за својата љубов мислат дека е од суво злато па на жените им ја даваат на грамови. На жените им е потребно внимание и доколку не и го дадете ќе го побараат на друго место.

Совет: Внимание е и порака во која стои дека ви недостасува, убав комплимент, цвеќе без причина, дозвола да си ги каже проблемите. Не бидете себични и таа е дел од вас.

Мит: Жените се одлични манипулатори, а најдобро оружје им се солзите

Вистина и заблуда: Жените повеќе плачат бидејќи се поемотивни. Свесни се исто така дека мажите паѓаат на нивните солзи и секогаш кога има потреба ќе играат на таа карта, ќе пролеат по некоја солза.

Совет: Кога плачат без некоја причина, но само кога нема причина, посочетеи го тоа. Немојте да ги гушкате доколку сте лути. На убав начин дадете и до знаење дека не е убаво што си поигрува со вашето трпение и дека наместо солзи може се да решите со разговор.

Мит: Жените се им кажуваат на пријателките

Вистина и заблуда: Во женската природа е да анализираат, детализираат, реконструираат, а тоа најдобро ќе го разбери друга жена. Вистина е дека нејзината пријателка ќе знае се за вас, но не ставајте си го тоа при срце бидејќи тоа е една од ретките работи кои можете да ги промените.

Совет: Во шала кажете и: Ова обавезно раскажииго на твојата пријателка бидејќи и јас ќе му го кажам на мојот пријател. Ќе и биде непријатно и барем на момент ќе почувствува како ви е вас.

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1