Мицкоски: Да се стави крај на омразата, да излезе државата од стагнацијата и застојот


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати честитка по повод христијанскиот празник Раѓањето Христово – Божик до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан, свештенството и монаштвото и до сите православни верници.

– Да продолжиме да даруваме безусловна љубов, поддршка и помош. Овој ден од годината е ден кога во духот на Евангелието треба да пронајдеме сила и да ги надвладееме искушенијата и суетите, зошто Божик е празник на мирот, празник на слогата и единството. Да се победат предрасудите, да бидеме човечни и хумани, праведни и солидарни, а заемното помагање и почитување треба да биде наша водилка, наш белег и заедничка заложба, се наведува во честитката.

Единството, разбирањето и почитта треба да се дел од секоја наша одлука, пососчува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочувајќи дека нашата држава треба „да оди напред и да не заглавува во лавиринтот на одмаздата и реваншизмот, работи кои не враќаат назад, создаваат немир и поделби“.

– Да се стави крај на омразата, да излезе државата од стагнацијата и застојот, потребен е разум и меѓусебно почитување, да постои наптревар во правење на добри дела за граѓаните. Бог нека биде со нас во секој момент во животот, при секоја среќа, радост, тага или болка. Нека Бог биде со Македонија, за заеднички да напредуваме и да се радуваме. Нека е честит и вековит големиот христијански празник – Божик, се наведува во честитката што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ја упати до верниците и поглаварот на МПЦ – ОА.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1