Млад фудбалер се обеси на квака, преживеал ужасна траума – силување


Поранешниот фудбалер Драган Милошевиќ (22) се обесил на кваката од вратата од својата соба на Нов Белград каде живее со мајката и со двајца помали браќа.

Трагедијата се случила во понеделникот вечер во нивната трошна куќа. Телото на несреќниот Драган го открил 13-годишниот брат кој шокиран ја повикал мајката.

Го тепале без причина

-Го најдов синот обесен на квака во помошната просторија. Се обесил со некаков кабел кој го пронашол. Веднаш повикав полицијата и 20 минути му давав вештачко дишење, но не можев да го вратам. Мојот син повеќе не е жив, но сакам да им испратам порака на останатите родители, да видат какви работи се случуваат, раскажува Драгана Јовиќевиќ, мајка на настраданиот.

Таа тврди дека мотивот за самоубситвото е тепањето кое нејзиниот син го доживувал пред 4 години во родното Краљево.

-Пред четири години двајца постари мажи по претепаа во кладилница во Краљево. Нападнаа 18-годишно дете без никаква причина, само затоа што мислеле дека некому му ги пријавувал нивните планови, раскажува очајната мајка.

Како што вели, таа поседува снимка од надзорната камера на која се гледаат мажите како го претепуваа нејзиниот син.

-На снимката се гледа како го удираат со тупаници, но лентата се прекинува во некој момент, па се сомневам дека тука се случил обид за силување. Сето тоа беше пријавено во полиција, но постапката пред судот одеше многу бавно, наведува мајката.

Таа објаснува дека нејзиниот син никогаш после тоа не се опоравил.

-Моето дете е жртва на насилство и поради тоа си го одзеде животот. Три години молчеше, не сакаше да зборува за тоа што се случило, се лекуваше на психијатар. Таму му рекоа дека неговите проблеми се последица од стрестот. Дури и училиштето и фудбалот го напушти. На суд пред неколку месеци даде изјава дека му го уништија животот. Барав помош од сите институции. Да ми се јавеше некој, моето дете денеска ќе беше живо, вели Драгана Јовиќевиќ.

Од родното Краљево со синовите Драгана се преселила во Нов Белград поради болното дете

Отиде мојот цвет

-Имам четири сина. Еден од нив има церебрална парализа и дојдовме овде за да може да оди на училиште. Мојот Драган беше мојот цвет, моето злато, а сега немам живот, вели жената која со децата живее во трошна куќа

Исмаил, очувот на покојниот Драган вели дека момчето ден пред трагедијата навестил дека ќе си оди од земјата.

-Тој ме праша дали можам да му помогнам да оди во мојата родни Либија. Го советував дека тоа не е паметно, поради ситуацијата во земјата. Ми рече дека мора да оди, раскажува Исмаил.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1