Младенци од Хрватска испратиле покани за свадба во облик на уплатница ФОТО


Оригиналната покана на идните младенци од Имотски, Хрватска, стана вистински хит, а објавена е на интернет страницата Дневна доза на просечен Далматинец.

Имено, младенците на своите гости одлучиле да им врачат покана во облик на уплатница. Иако некои во коментарите на Фејсбук напишале дека на прв поглед за малку срцето ќе им застанело кога ја здогледале уплатницата, набрзо сфатиле за што станува збор.uplatnice-pozivnice-5593c679103254babaab519edfd9ada2_view_article_new

Младенците на тој начин се пошегувале дека износот на плаќање би требало да биде колку што може поголемо, и дека парите одат наменски за виното, пршутата, сирењето, ракијата и јагнешкото. Оние коишто ја виделе поканата, се воодушевиле од идејата на младенците.

Шифрата на намената, секако е плаќањето на столот, а начинот на плаќање секако е во коверт. Гостите можат да платат во евра или во куни, а ги плаќаат пршутата, сирењето, јагнешкото, ракијата, виното и останатите свадбени деликатеси.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1