Моќта на фејсбук – за 3 дена ја нашла својата биолошка мајка (Фото)


 Џенеса Симонс од Јута ја пронашла својата биолошка мајка преку Фејсбук и тоа за само три дена, а потрагата по нејзиниот биолошки татко сеуште трае.Мајката на Џенеса ја дала на посвојување пред 22 години, а таа следејќи го трендот на барање лајкови по Фејсбук за да се добие нешто, одлучила така да ги побара биолошките родители.

jenesa-simons2Таа на својот Фејсбук профил на 27 јануари поставила фотографија на која држи голем лист хартија со податоците од местото и датумот на нејзиното раѓање.

Фотогорафијата била споделена скоро 160.000 пати, а по само три дена и по неколку лажни јавувања, на Џенесa и се јавила нејзината биолошка мајка.

Таа вели дека е уверена дека жената која и се јавила е нејзината вистинска мајка затоа што знаела некои специфичности за нејзиното породување, како тоа дека е родена со царски рез, а имала и нејзини фотографии од болницата.

Девојаката е сеуште по потрага по нејзиниот биолошки татко и се надева дека и тој наскоро ќе се јави.

Ова не е прв пат некој да пронајде изгубен член од семејството преку Фејсбук. Пред три години жена од Калифорнија ги пронашла децата од кои била разделена 15 години.

jenesa-simons2

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1