Момче од Скопје загина во сообраќајка на патот Битола-Ресен


Момче од Скопје загина, а пет сопатници се повредени во сообраќајна несреќа што се случила во понеделникот наутро околу 6.30 часот на патот Битола-Ресен.

Дваесет и шестгодишниот возач од Скопје изгубил контрола и со автомобилот „фиат стило“ со гостиварски регистерски таблици, удрил во заштитните еластични огради од левата и од десната страна и излетал од коловозот.police-lenta-500

Од здобиените повреди возачот починал на местото на настанот, додека сопатниците Д.К. (24) и В.М. (26) од Скопје, М.Т. (26) и М.З. (21) од Битола и С.Д. (21) од Гостивар, се здобиле со телесни повреди.

По укажаната медицинска помош во болницата во Ресен, повредените се префрлени во Клиничката болница Битола. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од полициската станица Ресен. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Уште една сообраќајка се случила во понеделникот вечерта во 21.15 часот на магистралниот пат Градско – Прилеп.

Автобус „темса“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Ж.Б.(55) од Прилеп се судрил со „рено 18“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Е. (54) од Градско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на автомобилот кој по укажаната лекарска помош во медицинскиот центар во Кавадарци, и поради сериозноста на повредите е префрлен во Ургентен центар Скопје. Со телесни повреди се здобиле сопатниците од патничкото возило С.Р. (32) и У.И., двајцата од Прилеп.

Тие по укажаната лекарска помош во Кавадарци се пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од кавадаречката полиција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1