Монструм: Си ја убил својата десетмесечна ќерка, ја гушел со јорган!


Мештаните од Бреза се уште се во шок откако што Адис Бечирспахиќ (28) во понеделникот навечер во семејната куќа монструозно ја усмрти својата десетмесечна ќерка.

Првата соседка на Адис посебно е потресена од ова случување бидејќи го познавала осомничениот Адис. Нејзиниот сопруг пред неколку дена се возел со нив и девојчето до болницата.reahejytktulkf-96102

– Верувајте дека ова е голем шок за сите. Се чекам некој да ми каже дека е некакво недоразбирање. Посебно ми падна тешко затоа што се дружевме, вели соседката.

Во куќата каде се случило убиството, новинарите не затекнале никого. Потоа се упатиле на местото каде се наоѓа мајката на девојчето Нејла, поради проблемите со сопругот често се враќала кај родителите.

На прагот од куќата ги дочекала нејзината мајка Есма, бакнувајќи ја фотографијата на внуката која често ја чувала и како што вели, никогаш нема да ја преболи.

– Имаа проблеми во бракот. Не требаше ова вака да заврши. Требаше да каже дека не може повеќе да живее така, да се разделеа, низ солзи рекла Есма.

Кобната вечер како што говори Нејла била на работа додека Адис останал сам дома со ќерката. Во еден момент дошол во кафулето каде Нејла работела. Седел таму еден час, подоцна и соопштил што се случило.

– Испи кафе, таа го прашала каде ми е детето. Најпрво кажа дека се е во ред со детето па подоцна кажа дека повеќе го нема, прераскажала Есма.

Адис во полицијата признал дека го убил своето дете.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1