Морбидно: Три девојки силувале фудбалер со ножици


Британките Броџен Гиљар, Шенон Џејмс и Пејџ Канингам признале дека сексуално злоставувале 20- годишен фудбалер.devojke-foto-printskrin-1481793626-1058463-93560

Британските медиуми јавуваат дека на овие девојки им се заканува повеќегодишна затворска казна откако истрагата покажа дека сексуално злоставувале фудбалер, танцувале околу него додека била во полусвесна состојба и по неговото тело сечеле зеленчук.

Девојките признаа дека го сретнале фудбалерот во текот на едно излегување во ноќен клуб. Една од овие девојки го повикала фудбалерот во својот стан, а потоа го опиле.

Девојките потоа се соблекле пред фудбалерот, кој бил во полусвесна состојба, а потоа го силувале со ножици.

Тие потоа со ножици му ја исекле косата, а потоа танцувале околу него и сечеле зеленчук по неговото тело.

Тие сето тоа го снимиле со камера, а видео снимката е достапна во судот како главен доказ на обвинителството.

Пресудата треба да се донесе во јануари идната година, а Гиљард (26), Канингам (22) и Џонс (20) се впишани во листата на сексуални престапници.
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1