Морничава исповед: „Намерно ме зарази со ХИВ и ми прати СМС ,,е сега ќе ме памтиш“ (Видео)


Аби Ленди од Австралија е  веројатно најнесреќната девојка во светот. Аби наишла на погрешен маж во животот, но за жал тоа го сфатила многу доцна. Нејзиното момче не само што и останало во ужасно сеќавање, туку и пренел и ХИВ- вирус со кој ќе мора да се бори до крајот на животот.

Се верува дека во Австралија во 70 проценти од случаите ХИВ- вирусот се пренесува преку полов однос помеѓу мажи, а во 25 проценти од случаите преку хетеросексуален пат. За жал, Аби Ленди била една во тие 26 илјади луѓе која добила сида преку хетеросексуален однос.

hivabby-Една вечер се запознав со тој тип и имавме незадолжителна врска. Се гледавме неколку недели, а после тоа стана сексуално агресивен. Откако стана нападен, планирав повеќе да не се гледам со него, открила Аби.

После само неколку дена од нивната последна средба, таа добила чуден осип на устата, качила температура и постојано и се повраќало.

– Наскоро почнав да добивам херпеси. Никогаш претходно не сум имала искуство со нив. Едноставно знаев дека нешто не е во ред, а мојата состојба стануваше се’ полоша. На интернет видов дека тоа може да биде еден од симптомите кои укажуваат дека ХИВ вирусот се развива во мојот организам. Меѓутоа, тоа момче беше упорно и за цело време ме повикуваше на средби. Но, кога во еден момент му кажав дека повеќе не сакам да го видам, тој ми испрати порака во која напиша “Се надевам дека барем ќе ме помниш засекогаш!”, се присетува Еби.

-Почнав да пребарувам на интернет и колку повеќе читав статии за моите симптоми , се повеќе се ужаснував од помислата дека е можно да имам ХИВ. Веднаш отидов на доктор и побарав да направам испитувања, раскажува Аби.

zivotot-so-hiv-02

Аби во меѓувреме добила неколку повици од него. Тој барал од неа да се видат, а откако го одбила и напишал порака и и кажал дека ќе го памети до крајот на животот.

На тој начин суптилно и навестил што треба да очекува. По само неколку дена од прегледот, докторот и се јавил и и кажал дека нема добри вести за неа. И препишал терапија и и соопштил дека боледува од сида. Откако Аби дознала за ова веднаш му се јавила на момчето кој што ја заразил, а откако го обвинила дека и го пренел вирусот, тој почнал да ја навредува и да негира дека тоа има врска со него. После тоа тие се немаат слушнато, ниту пак видено, а од тогаш до денес имаат поминати две години.

Аби решила да научи да живее со овој вирус и колку може да го контролира. Поради тоа таа е отворена за својата состојба и не крие од луѓето низ што минува. Во моментов прима терапија, а вирусот е во таква состојба што шансите да се зарази некој друг се исклучително мали.

Таа вели дека била во врски и откако е заразена но дека секогаш им кажувала на момците за својата здравствена состојба пред да стапи во врска. Меѓутоа, таа потенцира дека со модерните лекови е многу полесно да се држи оваа болест под контрола, и дека ХИВ-от многу потешко се пренесува од жена на маж, отколку обратно.

– Вирусот веќе не влијае на мене и мојот секојдневен живот. Моето здравје е исто како и секогаш. Земам две пилули дневно и тоа е единственото влијание кое го има на мене физички. Тоа дефинитивно не е нешто кое го очекувате кога ќе чуете дека некој има ХИВ. Овој вирус има минимално влијание врз животот, освен ако вие не одлучите да има поголемо влијание, заклучува таа.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1