Москва: Се проверуваат сите можности за падот на воениот авион


Како што јави ТАСС, говорејќи на прес-конференција во Сочи, Соколов изјави дека меѓу верзиите за причините на падот за авионот е и можен терористички акт, но дека засега е рано да се говори за таква варијантаscreenshot_122

– Истрагата работи на сите верзии и на целиот спектар за можни причини што довеле до несреќата, но да се говори за тероризам е преурането. потенцира Соколов.

Тој истакна дека „црните кутии“ на авионот немаат радиоемитиери и дека по нив се трага со радилокатори.

– Времетраењето на операцијата ќе зависи од ситуацијата, но можно е таа да биде многу долга, рече Соколов, додавајќи дека потрагата по телата на патниците и деловите од авионот за денеска е завршена и дека ќе продолжи утре.

Тој најави дека во потрагта се вклучени 32 брода, пет хеликоптери, неколку дронови и подморница со далечинско управуввање, како и околу 1.000 лица, меѓу кои и 80 нуркачи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1