Москва веќе не гарантира безбедност на летовите во Сирија


Русија времено ја прекинува важноста на Меморандумот за спречување инциденти и гарантирање безбедност на летовите за време на операции во Сирија, соопшти руското Министерство за надворешни работи.putin2-300x225

Согласно Меморандумот за спречување инциденти и безбедност на летови потпишан откако Русија почна во септември 2015 година воздушна кампања во Сирија, Русија и САД разменуваат информации за летовите за да избегнат несакани судири на небото над Сирија. Русија има десетици воени авиони и ПВ батерии во база во Сирија.

Турција упати повик за итно создавање зона на забранети летови и безбедносна зона во Сирија, изјави денеска Ибрахим Калан, портпарол на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Турската страна го мотивира повикот со неопходноста да се спречат нови случаи на масовно убиство меѓу цивили во Сирија, додаде Калан.

Најмалку 90 луѓе загинаа и стотици беа повредени во наводниот хемиски напад извршен во вторникот во Хан Шејхун, сириски град во северозападната провинција Идлиб.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1