gg stefanВо разговор за Канал пет Владиката Петар ја потврди оваа информација, и рече дека на тоа го поттикнал примерот на Руската православна црква, и поради можноста преку Фејсбук дискусиите, советите и поуките меѓу свештенството да и станат достапни на јавноста, а со тоа и предмет на намерни или ненамерни злоупотреби. Плус што преку оваа мрежа биле достапни и недолични содржини-рече Владиката Петар.

Митрополитот на Битолско-Преспанската и на  Австралиско-Новозеландската епархија, информира дека тој за неговите епархии одлука за некористење на Фејсбук донел пред три години и дека истата се почитува. За последната одлука, што важи за свештенството од сите епархии на МПЦ , владиката Петар нагласи дека важи од денот на нејзиното изгласување во Синодот. Санкции ќе има , вели митрополитот Петар , но какви треба дополнително да утврди Синодот.

Дел од свештениците што неформално ги анкетираше Канал пет, рекоа дека и досега не биле на Фејсбук или дека не биле информирани за ваквата одлука од Синодот.

Kanal 5