Мрзи или? Црногорско радио пушта само една песна…со денови!


Го сакате ли хитот на Бруно Марс и Марк Ронсон „Uptown Funk“?

Жителите на Подгорица, на пример, не можат да си го замислат денот без таа песна. Тоа е така затоа што една радио станица во главниот град на Црна Гора ја пушта само оваа песна веќе со недели.

Ако оваа песна ви е омилена и мислите дека радио станиците не ја пуштаат често, тогаш би требало да заминете во Подгорица.blair-mcmillan-radio

Таму можете да си ја пуштите во автомобил, да ги дигнете сите четири во вис и да не ја менувате фрекфенцијата од 93,3. На неа „Uptown Funk“ е главен и единствен хит.

Ова радио емитува и топ 10, но на сите места на листата е истата песна.

Интересно е што и радиото се вика исто како песната „Uptown funk“.

Срѓан Филиповиќ, сопственик на радиото, вели дека не се работи за грешка или музикален папагал кој влегол во програма.

– Долго преслушувавме многу радио станици од регионот и заклучивме дека луѓето најдобро реагираат на „Uptown funk“. Поголемиот дел од тие станици има репертоар од најмногу 300, 400 песни кои се повторуваат, но ние дојдовме на идеја да пуштаме само една, најслушаната, вели тој.zvucnik glasno

Жителите на Подгорица на почетокот биле збунети, но фората набрзо ја прифатиле со воодушевување.

– Луѓето и понатаму се прашуваат за што се работи. Според коментарите на социјалните мрежи можам да заклучам дека ова го доживуваат како финта, па затоа и целата приказна брзо ја прифатија. Ја сакаат таа песна, па сега не мораат да ја бараат по станиците или да ја симнуваат на компјутер за да ја слушаат постојано. Доволно е само да не ја менуваат фрекфенцијата, вели низ смеа тој.

Како што најавува, песната ќе се врти уште еден месец, додека на луѓето не им здосади. Кога тоа ќе се случи, радиото „Uptown funk“ ќе смисли некоја нова финта за да ја задржи придобиената публика.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1