МВР распиша потерница по убиецот на Јанушев


Министерството за внатрешни работи го идентификувало убиецот на фудбалерот Мартин Јанушев и распиша потерница по него.

Од извори во истрагата дознаваме дека станува збор за Филип Секуловски, осуденик кој во затворот во Шуто Оризари издржуваше шестгодишна казна затвор за трговија со дрога.

Имаме несоборливи докази дека лицето Ф.С. е сторител на убиството, информираше денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Поднесена е кривична пријава, а стапуваат и другите мерки кои треба да бидат преземени во смисла на меѓународна потерница итн. за обезбедување на лицето и целосно расчистување на случајот – изјави Спасовски.

Додаде дека имаат индиции за местото каде што се наоѓа сторителот и во моментот МВР е насочено на неговото откривање.

Поранешниот фудбалер Мартин Јанушев беше убиен на 3 ноември годинава со неколку куршуми пред влезот од неговата зграда на улицата Владимир Комаров во скопски Аеродром.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1