На денешен ден пред 75 години започна Втората светска војна


На први септември 1939 година со нападот на нацистичка Германија на Полска почна Втората светска војна. Пред 75 години германскиот брод „Шлесвиг- Холштајн“ го бомбардираше Вестерплате.

Инвазијата на Полска започнала една недела по потпишувањето на пактот Рибентроп-Молотов, а завршила на 6 октомври со поделба и анексија на Полска меѓу Германија и СССР.

Нападот на Вестерплате започнал во 4.45 часот наутро. Втората светска војна е најужасната војна во светската историја. Траеше шест години и заврши со пораз на Германија и нејзините сојузници Италија, Јапонија и други земји.

adolf_hitler

Во војната учествуваа 61 држава, а загинаа речиси 50 милиони луѓе. Се проценува дека бројот на жртви во тогашна Југославија изнесувал 1,7 милиони. Исто така, ранети се повеќе од 35 милиони луѓе, само во Југославија околу половина милион. Во тогашниот Советски Сојуз умрени се или убиени 26,6 милиони граѓани.

hitler atentat 2Во Европа, материјалната штета е проценета на 277,7 милијарди долари според цените од 1938 година, а во Југославија на 46,9 милијарди долари. Пресвртниот момент во Втората светска војна во Европа е нападот на Германија на тогашниот Советски Сојуз, на 22 јуни 1941 година.

После поразот на Германците кај Сталинград на почетокот на февруари 1943 година, започнува отстапувањето на Германија и завршува во мај 1945 година со целосен пораз.

На Пацификот, нападот на Јапонија на американската флота во Перл Харбор на Хаваите, на 7 декември 1941 година, е повод за отворено влегување на САД во војната, што ќе заврши со пораз на Јапонија, а со тоа се става и крај на Втората светска војна, на 2 септември 1945 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1