На помладите од 55 години пензиите ќе им се намалат за 27 отсто


Со исклучување на осигуреник од вториот столб од правата на додаток, просечно платена жена ќе изгуби 514 куни од пензијатаpenzioner

Вечерњи лист – Загреб

Сите кои се родени во 1962 година и по неа ќе имаат 27 отсто пониски пензии! Тоа произлегува од најновата Програма за конвергенција која заедно со Националната програма на реформи, Владата на Пленковиќ ги прифати минатиот четврток.

Хрватска за пензии издвојува околу 11 отсто од БДП, односно околу 38 милијарди куни, а владините проекции се дека до средина на векот јавните трошоци за пензии ќе се намалат на околу 7,2 отсто од БДП.

Големото намалување на јавните трошоци би почнало од 2027 година, наведе Владата во својата програма, бидејќи покрај државните пензии во поголем број ќе почнат да се исплаќаат и приватните пензиски фондови.

Нема враќање во Првиот столб

– Тоа намалување ќе биде до толку позначајно бидејќи пензионерите кои ќе примаат пензија од двата столба нема да имаат додаток од 27 отсто на дел од пензиите кои се исплатува од првиот столб, целосно јасно и отворено наведе Владата на Пленковиќ.

Со други зборови, голема заштеда во пензиските трошоци во не толку далечна иднина се планира да се постигне со намалување на идните пензии на сите кои сега се помлади од 55 години, односно родените во 1962 и по неа! Сите тие се осигуреници на вториот столб, кој 15 отсто од своите пензиски придонеси ги уплатуваат во првиот столб, а пет отсто во вториот столб.

Додатокот според важечкиот закон е составен дел од реформите за пресметување на пензиите, а го воведе Владата на Санадер во 2007 година, бидејќи новите пензионери стануваа социјални случаи. Од 2010 година тој додаток изнесува 27 отсто, но проблемот е што додатокот се исплатува само на осигуреници на првиот столб. Вработените лица родени во 1962 година и по неа, се членови на двата пензиски столба и иако во првиот имаат поголем придонес, правото на додаток нема да се прошири и на нив.

Стратешкиот документ на Владата се однесува на периодот од 2017 до 2020 година, кога тој проблем ќе ескалира. Ако имаат доволно стаж, жените родени во 1962 година ќе можат да одат во предвремена пензија веќе во 2019 година, а мажите во 2022 година, а пензиите ќе им бидат 27 отсто пониски од пензиите на работниците родени во 1961 година! Условите за редовна пензија за жени настапуваат во 2026 година, а за мажи од 2027 година.

Косор даде враќање

Симулацијата која ја подготви Даниел Нестиќ од Економскиот институт покажува дека за жена која цел свој работен век заработувала просечна бруто плата (што би била плата на наставник во училиште) разликата во пензијата е дури 514 куни.

Наместо да добие 2.845 куни, колку што и наставничка родена една година порано, нејзината пензија за идентичен стаж од 36,6 години би паднала на 2.331 куна! Бидејќи огромниот удар на новите пензионери ќе се појави веќе во 2019 година, целосно е нејасно што одземањето на додатокот од 27 отсто ладно се опишува како мерка која ќе придонесе за одржливост на јавните финансии.

Како може да биде одржлив потег кој многу генерации ќе ги бутне во сиромаштија?

Владата наведува дека луѓето од вториот столб нема да можат да се вратат во првиот столб, за кое Јадранка Косор се залагаше во 2011 година, кога се појави проблем на родените од 1951 до 1961 година. Ќе се штеди и на порано продолжениот работен век на 67 години и со посилна пенализација на предвремените пензии, а единствено до 2030 година ќе растат трошоците за минималните пензии на бранителите.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1