На повидок Српски политички сојуз со Русија?


Србија наскоро ќе добие нов статус на постојан набљудувач во Организацијата за договори во колективната безбедност и соработка ODKB, како што пренесуваат руските медиуми. Организацијата ќе ја чинат, Русија, Белорусија, Казахстан, Ерменија, Таџикистан и Узбекистан, а сличен статус со Србија би имала и Украина.

Овој предлог се наоѓа пред Собранието на Србија, кое би требало да оформи делегација на парламентарци кои ќе бидат упатени во оваа нова воена-политичка организација. Веста во пристапувањето на Србија во оваа нова организација ја пренесе државниот портал „Vesti.ru“, а според нивните наводи, за членството на Србија е разговарано за време на недамнешната посета на заменикот на рускиот премиер Димитриј Рогозин. Инаку, основањето на оваа организација била иницирана од Москва, која во последно време инсистира на нејзино зајакнување.

Токму заради таа цел, се формирани колективни вооружени сили за оперативно делување, кои би можеле да делуваат на територијата, на која било членка. За можноста за приклучување на Србија во Евроазиската унија пишува RIA Новости.
-За сега само може да се зборува за парламентарни и други контакти на заинтересираните страни во борбата со заедничките закани и предизвици на тероризмот, трговијата со дрога и луѓе, но тоа секако е пат кон полноправно членство во Европскиот сојуз, наведува RIA Novosti.

Претседателот на Србија Томислав Николиќ, најави по состанокот со Дмитриј Рогозин, во средата, дека ќе биде испратена делегација во Парламентарното собрание на Организацијата за договор за колективна безбедност.
Воената политичка заедница е формирана од членки на Евроазија врз основа на колективниот безбедносен договор, потпишан на 15-ти мај 1992 година. Еден член на овој договор предвидува, во случај на напад врз секој член, другите членови се должни да обезбедат каква било помош, вклучувајќи ја и воената.
Оваа организација, се споменува и како наследник на поранешниот Варшавски пакт, кој некогаш беше претставен како сериозен анти-НАТО.

Според официјалните акти ODKB има за цел да го одржува мирот, меѓународната и регионалната безбедност и стабилност, заштитата на колективната основа на независноста, територијалниот интегритет и суверинитет на земјите членки и приоритетот во примената на општоприфатените политички средства.

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1