На таван пронашол сликички вредни три милиони долари


Карл Киснер на својот таван случајно пронашол околу сто сликички со фотографии на бејзбол играчи за кои се верува дека вредат околу 3 милиони долари.

Сликичките со бејзбол играчи кои Карл ги пронашол се дел од најголемата и највредна колекција во историјата на колекционерството на спортски сликички.

Сликичките со бејзбол играчи кои ги пронашол Карл се со многу ретка серија на производство и датираат уште од 1910 година. Од овој период во светот постојат уште такви сликички кои се во многу лоша состојба – фотографиите се избледени, а оние што ги нашол Карл изгледале како штотуку да се испечатени. Тоа се должи на фактот што повеќе од 100 години никој не ги допре.

– Се чувствувам како да ја најдов Мона Лиза на таванот, изјавил Киснер.

Во кутијата, која ја пронашол Киснер, се наоѓале околу 700 сликички на бејзбол играчи кои на аукција би можеле да достигнат цена од 3 милиони долари. Дедото на Карл на кого му припаѓале, починал во 1940 година.

На пронајдените сликички се наоѓаат фотографии на некои од најпознатите играчи во тоа време: Ty Cobb, Cy Young, Honus Wagner, Christy Mathewson и други.

Сепак кога Карл ќе ги продаде сликичките на аукција парите ќе треба да ги подели со уште 20 други лица кои се во роднинска врска.

Share Button

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1