Началници станаа двајца обезбедувачи на Спасовски кои ги бранеа пратениците на 27 април


Сашо Тасевски е новиот началник на Одделот за обезбедување или Шестата управа во МВР, а Ацо Ангеловски е поставен на чело на Секторот за превентивно обезбедување во МВР.

Тие се од обезбедувањето на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кои на 27 април застанаа во одбрана на нападнатите пратеници во прес-центарот во Собранието.

Сашо Тасевски е магистер по безбедност и докторант на Факултетот за безбедност во Идризово. Од 2001 година има работено кај претседателот на државата Бранко Црвенковски, во одделот за странски делегации, потоа кај министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. На почетокот на кариерата бил припадник на единицата за специјални задачи „Тигар“. Има посетувано курс за обезбедување ВИП личности.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1