Најави за невреме денеска попладне


Претпладне времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа и со грмежи. Попладне и во вечерните часови, под влијание на нестабилна воздушна маса на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи.

nevreme dozd 11Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со град и засилување на ветерот, особено во источните подрачја. Утринската температура ќе се движи од 13 до 22, а дневната од 23 до 33 степени. Во Скопје слично време, со утринска температура до 18 и дневна до 31 степен.

Во Охридско-преспанскиот регион утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 27 степени. Во Дојранско утринската температура ќе се изнесува 22, а дневната 33 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7. Нестабилното време во попладневните часови ќе продолжи и во текот на наредната недела.

Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1