Најбогатата Србинка доби подарок остров во Хрватска од сопругот


Рускиот милијардер Андреј Мељниченко, еден од најбогатите луѓе на светот, одлучил на својата сопруга, Александра Сандра Мељниченко, по повод нивната 12-годишнина од бракот, да ѝ подари уште еден скапоцен подарок, пишуваат српските медиуми.

Убавата Сандра, поранешна српска манекенка и членка на групата „Моделс“, е навикната на подароци како јахти, уметнички дела, недвижности, луксузни автомобили, дијаманти, но и остров во архипелагот на Малдивите. Овој пат Сандра добила парче рај – остров во Јадранското Море! Според пишувањето на српски „Хелоу“, сопругот избрал остров во Хрватска, земјата од која има потекло нејзината мајка Вања. Кога е во прашање неговата сопруга, Андреј Мељниченко е исклучително великодушен.
Точната локација на островот не е позната, а којзнае и дали ќе се дознае во догледно време, бидејќи богатата двојка е позната по криењето на својот приватен живот.

Александра и Андреј ја прославиле 12-годишнината од бракот крстосувајќи по Медитеранот на својата луксузна 42-метри долга јахта „Сејлинг јахт А“.

Со нив била и хрватската пејачка Нина Бадриќ, најдобра пријателка на Сандра, која на Инстаграм покажала како се забавуваат на Ибица. На шпанското луксузно летувалиште била направена интимна прослава по повод годишнината од бракот.

Кога тежите повеќе од 10 милијарди долари, не е проблем на своите сакани да им подарите сè што ќе ви падне напамет. Гламурозната двојка поседува повеќе недвижности, меѓу кои се вили во Москва, Лондон, Сент Мориц, на тајландскиот остров Пукет и пентхаус во Њујорк.

И покрај тоа што Сандра и Андреј го пленат вниманието на медиумите, тие сакаат својот живот да го држат далеку од очите на јавноста.
Андреј и Александра се венчаа на 3 септември во 2005 година на Азурниот Брег. Тоа беше една од најскапите венчавки на сите времиња. Ако им се верува на статистиките, чинела околу 30 милиони евра. На свадбената прослава гостите ги забавуваа Витни Хјустон, Енрике Иглесијас и Кристина Агилера. Поради нивната венчавка дури била расклопена една руска капела и доставена во Франција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1