Најдобар и најевтин начин да се ослободите од стаорци, лебарки и мравки


Препаратите за дератизација може да ги направите сами и тоа едноставно и евтино.

Пред да го испрскате домот со отровни хемикалии, обидете се од штетниците да се ослободите со средства направени дома.

mravkiМравки

Од нив ќе се ослободите со кафе чија миризба не можам да ја поднесат. Ставете кафе околу вратите и прозорите и мравките со сигурност нема да ви влезат дома.

Вински мушички

Наполнете чаша со јаболков оцет. Со кеса или фолија прекријте го врвот и направете дупка. Винските мучишки ќе ги привлече мирисот и ќе останат заробени во чашата.

Муви

За да се ослободите од овие летечки објекти, измешајте каранфличе, еукалиптус и цветови од детелина. Ставете ги во вреќичка и обесете ги на погодно место.

Стаорци

Нив ќе ги избркате со лути вкусови. Лажица течен сапун од нане измешајте со половина лажица бибер. Додајте осум чаши вода и смесата распрскајте ја по рабовите на ѕидовите.

bubaЛебарки

Во литар вода ставете две лажици многу лут сос. Смесата нанесете ја на проблематичните места и бидете сигурни дека повеќе нема да видите лебарка во домот.

Стеници

Една лажица пеперминт и една лажица масло од рузмарин измешајте ги со две шолји вода. Смесата распрскајте ја по душеците и подот околу креветите.

Болви

Теписоните попрскајте ги со сода бикарбона и сол, оставете да отстојат преку ноќ, а потоа исчистете со правосмукалка. Може да искористите и мешавина од вода и лимонов сок.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1