Најмалку 12 загинати во пожарот во лондонскиот станбен блок Гринфел тауер


Продолжува потрагата по настрадани во пожарот што уништи солитер во Лондон и во кој според досегашниот биланс загинаа најмалку 12 луѓе.

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан изрази стравување дека бројот од 12 загинати може да биде многу поголем.

Станарите на таа 24-катна зграда со социјални станови го доведоа во прашање начинот како е граден објектот. Продолжува и истрагата за причините за пожарот.

Пожарот во зграда од 120 станови во Кенсингтон-Челси во западен Лондон, изби по полноќ во вторникот и според сведоци, се ширел со голема брзина.

Од 78 хоспитализирани, 18 се во критична состојба, а многу луѓе се водат како исчезнати.

– Сега се води комплексна операција што ќе трае повеќе денови, изјави командантот на лондонската полиција Стујарт Канди кој рече дека не очекува да бидат пронајдени преживеани.

Гренфел тауер е изграедена во 1974 година и вчера речиси целата изгоре. Експерти тврдат дека зградата нема да се урне.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1