Најтажната божиќна приказна: Дете му умрело на раце на Дедо Мраз додека ја изговарало својата последна желба (ВИДЕО)


Работата на Додо Мраз обично е една од најзабавните работи во светот, меѓутоа, некои работи и нив знаат да ги изненадат непријатно.

Еден Дедо Мраз од американската држава Тенеси не успеал да ги задржи солзите и тагата која ја чувствувал поради едно детенце.dedomraz-640x360
Имено, шеесет годишниот инженер Ерик Шмит-Мацен кој работи како Дедо Мраз добил повик од една локална болниц. Едно петгодишно дете на смртна постела побарало да го види. Тој од родителите побарал да бидат пред собата сакајќи да остане сам со детето.

-Нема да ти дозволиме да го пропуштиш Божиќ, џуџињата веќе направија подарок за тебе, му рекол Дедо Мраз на детето кое се плашело дека нема да го дочека овој празник. Детето имало прашање за Дедо Мраз – сакало да дознае што ќе се случи кога ќе умре, каде ќе отиде.

-Кога ќе дојдеш до тие врати, само речи им дека си првиот помошник на Дедо Мраз, сигурен сум дека ќе те пуштат, му одговорил Ерик. Детето го прашало дали навистина е првиот помошник на Дедо Мраз, а тој му одговорил дека е сигурен во тоа. Тоа било причина детето цврсто да го прегрне.

-Потоа го подигна погледот и ме праша: Дедо Мраз, можеш ли да ми помогнеш? И во тој момент почина. Погледнав низ прозорецот и ја видов неговата мајка која во тој момент почна да плаче и да вика: Не, не се уште!, изјави овој инженер низ солзи.

Тој е сигурен дека на детето му било исполнета последната желба.

-Децата гледаат на работите целосно поинаку. Тој беше повеќе загрижен дека ќе го пропушти Божиќ отколку тоа дека ќе умре, изјави Ерик.

Овој случај го натерал добро да размисли за напуштањето на својата необична работа.

Сепак, детските насмевки го натерале да се предомисли, бидејќи работата на Дедо Мраз е важна за децата, но и за него.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1