Нападната вработена во македонското Собрание


Во 23 часот синоќа, 63-годишната Ј.Ш.Л. од Скопје, инаку вработена во Собранието на Република Македонија, пријавила дека истиот ден околу 18 часот и 30 минути во Собранието, во нејзината работна канцеларија, додека извршувала службени задачи, од страна на поголема група непознати маскирани лица била физички нападната со повеќе удари во пределот на телото.gragani-sobranie-vnatre-3-640x359

Полицијата информира дека истата била удрена со безбол палка во пределот на грбот, а и биле упатени и повеќе навредливи и погрдни зборови.

При нападот на Ј.Ш.Л. и биле нанесени видливи повреди на телото. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторители и за целосно расчистување на настанот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1