Напаѓачите од СДСМ му нанеле тешки повреди и скршеници на Јове, случајот пријавен во МВР


Тешки телесни повреди, скршен нос, скршена рака и скршени ребра „заработил“ 67 годишниот Ј.П. кој беше претепан од страна на лица од СДСМ поради став дека кризата треба да заврши.

Од Министерството за внатрешни работи за Курир потврдуваат дека нападот на Јове е пријавен кај нив и дека му биле нанесени тешки повреди.status

-На 14.12.2016 во 19 часот во Скопје на улицата „Козара“ пред угостителскиот објект Гурман Ј.П.(1949) бил физички нападнат од две непознати лица при што му биле нанесени тешки телесни повреди, скршеница на нос, рака и ребра. Укажана му е лекарска помош во Ургентниот центар. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата, велат од МВР.

Академикот Горазд Росоклија, светски признаен научник во областа на истражувањето на невропатологијата и невроимунологијата на својот Фејсбук профил објави детали за нападот на Јове, кој ги водеше сите македонски алпинистички експедиции на сите врвови на светот.

-Јове седел во Гурман и разговарал за кризата во Македонија со газдата на Гурман и со еден другар. На соседната маса седеле двајца кои му се заканиле затоа што за кризата го обвинува СДСМ. Јове тргнал дома, од Гурман кон Буњаковец преку Капиштец. Во темниот простор кај Капиштец го стигнале и го пребиле, како што вика не мислејќи дали ќе го убијат. Подолу го пренесов текстот што ми го прати едно девојче кое присуствувало на тепањето. Било грозно. Тоа е за сега. Утре ќе зборувам со него поопширно.
ПС: Од напишаново, паметните ќе заклучат до што води создадената атмосфера во земјата. Глупавите ќе заклучат дека напишаново, а не постапките, создава немири, пишува Росоклија.

Претходно Росоклија преку социјалните мрежи сподели информација која дошла до него за нападот на Јове.

-Јове има 68 години, ги водеше сите македонски алпинистички експедиции на сите врвови на светот заклучно со Мт. Еверест кога ни загина Димитар Илиевски ,,Мурато”. Во моментов ми течат солзи и немам зборови но солзите ќе пресушат, напиша Росоклија.

Соочени со десеттиот изборен пораз по ред, ескалира нервозата кај СДСМ и нивните поддржувачи, кои почнаа да се служат и со насилство поради тоа што немаат поддршка од мнозинството граѓани.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1