Напаѓачот на Шекеринска се изјасни за виновен


За виновен се изјасни обвинетиот за напад на Радмила Шекеринска, во Собранието на 27 април 2017 година. На денешното судско рочиште обвинетиот Панче Ангелов изјави дека се чувствува виновен за кривичното дело што е наведено во обвинителниот акт.

Тој ја повлече за коса Шекеринска.

Во обвинението се истакнува дека Ангелов бил во првата група која влегла во Собранието и заедно со најсилните и најнасилните луѓе се упатил директно во прес салата на Собранието. Прво упатил закани кон лидерот на СДСМ, Зоран Заев, потоа ја нападнал Шекеринска, а фрлил и шише кон други пратеници.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1