Напаѓачот од Тексас се убил за време на потерата


Мажот, кој уби 26 лица во баптистичка црква во Садерленд Спрингс во Тексас починал од прострелна рана, откако сам се застрелал, изјави денеска окружниот шериф Џо Такит.

Тој изјави дека во текот на потерата дошло до размена на оган меѓу полицијата и вооружениот напаѓач, кои бегајќи пукале од своите возила.
– Имаше размена на оган, а потоа возилото на напаѓачот се удри. Веруваме, дека во моментот на сударот, напаѓачот се застрелал, појасни Такит.

Портпаролката на американските воздухопловни сили Ен Стефанек изјави дека напаѓачот Девин Кели (26) минал 12 месеци во затвор, откако бил осуден пред воен суд во 2012 година, а во 2014 година бил отпуштен од војска поради лошо владеење и одземен му е чинот.

Тој ги нападна верниците во Првата баптистичка црква во Садерленд Спрингс, во близина на Сан Антонио, со пушка Ругер, а дошол опремен и со панцир, очекувајќи дека ќе се соочи со вооружени граѓани или со полицијата. Вооружени граѓани се обиделе да го застрелаат Кели, кој се дал во бегство, но на крајот бил застрелан.

Жртвите се на возраст од пет до 72 години и безмалку нема семејство во малото место со 400 жители кое не е погодено од нападот.

Тексашкиот државен обвинител Кен Пакстон, по овој напад ги повика верниците во црква да одат со оруже.

– Се што можам да кажам е дека барем ние во Тексас, имаме право да носиме скриено оруже. Па, ако сите ние носиме оружје, секогаш постои можност напаѓачот да биде убиен пред да успее да убие многу луѓе, резонира државниот обвинител.

Кога водителот од Фокс телевизија истакна дека молитвата и оружјето се дијаметрално спротивни концепти, Пакстон рече дека треба да се вооружат барем некои од верниците за да можат да реагираат во вакви случаи, за да не се повтори вакво масовно убиство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1