Направете сами домашен кафеав шеќер


Aко се потрудите сами да го направите дома, никогаш повеќе нема да размислувате за купување на готов кафеав шеќер.

На повеќето од нас ни се случило да посакаме да испробаме некој нов рецепт, но во последен миг да откриеме дека сепак ни недостига кафеав шеќер.

Сепак, иако можеме да го употребиме во замена белиот шеќер, вистина е дека кафеавиот шеќер дава особена мекост или сочност, во зависност од неговата употреба. Но, не грижете се, бидејќи во иднина ќе можете и сами да го направите дома.kafeav-seker-domasen-02

Дали некогаш сте размислувале за тоа што претставува всушност кафеавиот шеќер? Веројатно и не затоа што тој е едноставно секогаш тука, на рафтовите во супермаркетите, а вие го купувате без некое особено размислување. Но ако се потрудите сами да си го направите дома, повеќе нема да размислувате за скапите варијанти кои дотогаш сте ги купувале.

За да направите сами кафеав шеќер, се’ што ви потребно е еден филџан шеќер и една лажица меласа. Меласата е всушност густа и слатка смеса која се добива од шеќерна трска и која настанува како нуспродукт во текот на производството на белиот шеќер. Меласата може да ја побарате во повеќето продавници за здрава храна.

Шеќерот и меласата измешајте ги со помош на електричен миксер се’ додека шеќерот во целост не ја прими кафеавата боја. Кафеавиот шеќер е најдобро да го складирате во тегла и може уште веднаш да го користите.

Tocka.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1