Направете си дома кисело млеко, павлака – Рецепт


Рецепт 1

Kis_mliak09-41 л пастеризирано млеко во тетрапак

3 лажици кисело млеко

Подготовка:

Загрејте го млекото, но никако не треба да почне да врие. – Во една чаша ставете 3 лажици кисело млеко (индустриско или домашно поткиселено) и разматете ги со 150 гр млеко кое го подгреавте.

– Ова сипете го во остатокот од подгреаното млеко и неколку пати убаво измешајте.

– Вака подготвенота течност можете да ја сипете во помали стаклени садови или да ја ставите во еден поголем сад.

– Потоа овие садови ставете ги во пластични кеси и покријте ги со платнени крпи. Оставете ги вака покриени да стојат на собна температура околу 3 часа. Готовото домашно кисело млеко чувајте го во ладилник каде може да стои до една недела.

Рецепт 2 

  • 1 л свежо млеко
  • 3 л јогурт

kiselo-mlyako

kiselo mleko

1.Во 1л свежо млеко загреано на температура при која малото прсте можете да го држите во садот додека изброите до 10, се додава 3 лажици јогурт.

2.е промешува внимателно, па се остава остава на собна температура да стои и ферментира(да се поткисели).

3.Во лето, кога и ноќите се топли, садот не се завиткува. Во другите делови од годината се витка со тенка крпа или дебел пешкир, зависно од тоа колку се ниски температурите. Ако се претера со затоплувањето на садот, ќе се појави повеќе `вода` во киселото млеко,што секако не е некој голем недостаток.

Рецепт – Павлака 

По ладењето од околу 10-тина часа во фрижидер на истата смеса, со истото кисело млеко, можете да направите и павлака.

Подлабока цедалка поставете врз длабоко тенџере, врз цедалката поставете газа во 2 слоја, истурете го киселото млеко, оставете го садов во фрижидер, повремено истурајте ја течноста што ќе се исцеди, цедете до саканата густина и од вашето кисело млеко ќе добиете вкусна домашна павлака. Јас обично го оставам да се цеди околу 6 часа.

krem-sirenjeРецепт – КРЕМ СИРЕЊЕ:

Отприлика после 48 часа цедење и ако киселото млеко за време на цедењето, нежно го превртувате за поубаво да се исцеди, ќе добиете многу вкусно крем сирење на кое по желба може да му додавате сол или разни зачини (па ќе се добие нешто како крем сирењата кои ги купуваме – со матење со миксер заедно со лажица две омекнат путер, се добива „Вајкрем“.

Рецепт – АЈРАН:

За време на летните горештини, наместо било каков освежувачки пијалок, со ручекот многу често се ладиме вака: во што поголема чаша, ставам неколку коцки мраз, на киселото млеко (она од основната верзија) му додавам малку вода, го матам со миксер и го преливам преку мразот во чашите. Верувајте капка пот не ве облева, како што обично ни се случува во лето после било која друга напивка. Доколку на оваа напивка додадете малку сол, тогаш ќе уживате во турскиот специјалитет-Ајран.

Извор – migusto.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1