Направете си сами дома Моцарела за само 30 мин


Потребни состојки:

3, 8 л млеко
1 ½ лажичка лимонска киселина во прав
¼ лажичка течно сирутка
1 лажичка сол

mocarelaМлекото ставете го во голем сад на средно-висока температура, се додека не стигне на температура од 12Ц, за ова ќе ви треба термометар за готвење. Кога млекото че ја постигне саканата температура, истурете ја лимонска киселина во прав, се меша добро и продолжува да се загрева млеко.

Кога млекото ќе се загрее на температура од 31C, истурете ја сирутката – се меша добро. полека почнува да се згуснува, и ќе се забележите мали грутки.

Меѓу 35-40C температура млекото ќе биде доста густо и тоа е време да го исклучите шпоретот, може да се забележи како сурутката се одделува од грстовите сирење.

Оставете ја смесата да се олади пет минути. После тоа, со помош на шупливи лажица извадете ги сите создадени грутки (сирење) во посебен сад и  исцедете го вишокот сурутка колку повеќе можете. После тоа, ставете го сирењето во микробранова печка на 60 секунди – по што се цеди повторно сурутката и сирење и се витка неколку пати сирењето за да се загрее рамномерно, како да месите тесто.

Повторно ставете во микробранова на 30-40 секунди, во зависност од силата на микробрановата и се цеди повторно вишокот сурутка.

Посипете малку сол и превиткувате за да се распореди рамномерно и повторно во микробранова за 30-40 секунди.. секогаш кога ќе го загреете сирењето цедете го вишокот сирутка како моцарелата би била што покомпактна


Во овој момент на сирење треба да биде многу жешко и внимавајте подобро да користите ракавица. може да направите мали топчиња, векна или плетенка. Така подготвено сирење се чува во фрижидер во ладна вода.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1