Нарачал платено убиство на својата мајка – семејството му простило


Метју Кемпбел од Монтана деновиве треба да излезе од затвор каде помина 5 години, откако полицијата го фати во обид да организира платено убиство на својата мајка. Семејството му простило се и го чека да се врати дома!

– Тој сака се да оставиме зад нас и да продолжи понатаму, а и ние го сакаме тоа – вели неговата сестра Ники Кемпбел за “Nightline Prime.”

Метју имал 19 години кога во 2010 бил осуден за заговор за убиство на мајка си, Дејна Кемпбел. Тој признал дека по телефон договарал убиство на својата мајка, и бил осуден на 5 години затвор. Следниот месец ќе биде пуштен.Screenshot_41

Дејна Кемпбел тогаш дознала од агент на ФБИ дека нејзиниот син сака таа да биде убиена. Агентот и соопштил на Дејна дека Метју нудел 5 000 долари пред убиството, и 5 000 потоа.

Во тоа време, Метју одеднаш решил дека повеќе нема да живее дома со семејството и заминал. Никој не знаел каде е . Влегол во проблеми поврзани со автомобили, и му требале пари. Разговарал со своите другари како да дојде до пари, и им соопштил дека има намера да најде убиец за мајка му, за да ги земе нејзините пари од животното осигурување и наследството кое неодамна го добила.

За среќа, еден од неговите другари ја известил полицијата за неговиот план. Полицаец му се јавил и му се претставил како платен убиец, и договориле како се ќе биде изведено. Тогаш Метју и напишал писмо на сестра му Ники, и кажал што направил, и ја убедувал дека мора да оди до крај бидејќи веројатно инаку тој ќе биде мета на убиецот!

Денеска семејството смета дека Метју никогаш навистина не сакал да ја убие мајка му, и го очекува да си дојде дома. Се му е простено.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1