„Народот не е на продажба“- Се уште трае протестот пред Собрание против законот за јазици


Продолжуваат протестите пред Собранието и по усвојувањето на Законот за употреба на јазиците. Десетици граѓани сè уште се наоѓаат пред законодавниот дом каде што денеска во бурна атмосфера по вторпат беше изгласан Законот за јазиците, без поддршка од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

„Предавници“, „Народот не е на продажба“, „Не ја даваме Македонија“ извикуваа насобраните демонстранти пред Собранието, во знак на протест против гласањето на законот за употреба на јазиците.

Граѓаните кои денеска излегоа на мирни протсети пред Собранието, да го изразат својот револт од носењето на Законот за јазиците испратија писмо до претседателот Ѓорѓе Иванов. Бараат од него да не става потпис на Законот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1