НАСА направи капсула за пат на Марс



Американската вселенска агенција НАСА направи уште еден „мал чекор за човештвото“. Ја претстави капсулата „Орион“, малото летало кое ќе биде „превозно средство на астронаутите до Марс по 2030 година.

Леталото „Орион“ е претставено пред околу 450 гости во вселенскиот центар „Кенеди“ на Флорида, а како што пренесува „Дејли Меил“ не станува збор за макета на вселенско летало, кое се претставува на ваквите случувања, туку вистинско летало со опрема со висока функционалност чие тестирање ќе се изврши најдоцна за две години.

Ова летало ќе има клучна улога во пренесување на луѓето надвор од земјината орбита прв пат по 1970 година и има големо значење за НАСА. Планирано е по тестирањето на малата капсула во вселената да биде вградена и лансирана на ракетата „Делта 4“, а брзина би требало да почне да достигнува на околу 6 илјади километри над земјината површина, што е за 15 пати пооддалечена од положбата на меѓународната вселенска станица.
После тоа „орион“ ќе се врати во земјината атмосфета со брзина од 32 илјади километри на час, а притоа ќе биде тестиран нејзиниот топлотен штит.


– Со ова отвораме ново возбудливо поглавје во големата национална истражувачка приказна, изјави Лори Гарвер од НАСА на претставувањето на „Орион“.
Во наредните 18 месеци инжењерите и техничарите во вселенската агенција „Кенеди“ ќе ги поставуваат последните инструменти и делови со цел потполно да го оспособат леталото.
– Треба уште да дефинираме како ќе дојдеме до таму и да развиеме одредена технологија. Тука е и прашањето како и каде ќе застанеме по пат. Како и да е нашиот долгорочен план на оваа вселенска програма е да ги испратиме луѓето на Марс во четвртата деценија на овој век, изјави американскиот сенатор Бил Нелсон.

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1