Насила исфрлен патник од авион на „Јунајтед Ерлајнс“ (Видео)


Патник во авион на американската авикомпанија „Јунајтед Ерлајнс“ е насилно исфрлен од летот Чикаго-Луисвил, откако одбил доброволно да излезе за да ослободи место за стјуардеса.images(814)

Инцидентот се случил во неделата. Дел од патниците го снимиле инцидентот, а снимките и фотографиите ги објавија на социјалните мрежи.


На снимката се гледа како тројца полицајци насилно го извлекуваат мажот од седиштето и го влечат по подот на авионот.  Од компанијата изјавија дека летот бил пребукиран и дека полициските сили биле замолиле да им помогнат откако патникот одбил доброволно да излезе.

– Ние се извинуваме поради пребукираниот авион. За други детали обратете се во полиција – изјави портпаролот на „Јунајтед Ерллајнс“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1