Настрада рудар во Тораница


Управникот на рудникот Тораница вчера во полиција пријавил дека четириесет и седум годишен рудар е тешко повреден и се лекува во Клиничкиот центар во Скопје. До несреќата дошло кога при работа се здобил со тешка скршеница на главата кај слепоочницата.

Извршен е увид на местото на несреќата од страна на полицијата од Крива Паланка и се преземаат сите потребни мерки за целосно расветлување на случајот.

Share Button

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1