Наташа ја одбила понудата за брак, затоа била убиена – Познати деталите од прошталното писмо на Игор


Одбинета понуда за брак 34-годишната Наташа ја плати со смрт, а поради тоа настрада и нејзината помлада сестра, 31-годишната Билјана, потврдиле блиски пријателки на жртвите за Сител телевизија.

ubistvo aerdromНаташа била скоро една година во всрка со убиецот Игор, кој по одбиената понуда за брак, скоро две седмици и се заканувал на Наташа дека ќе ја убие прво неа, а потоа и себе-ако не се согласи да се омажи со него.

Поради неодамнешниот развод и стравот дека децата нема да го прифатат Игор, Наташа ја одбила понудата за брак, по што со нејзината сестра вчера планирале да заминат на одмор.

Игор помислил дека таа заминува и отишол во нејзиниот стан, каде вратата ја отворила нејзината сестра, која била првата жртва во двојното убиство. По неа, Игор ги исполнил заканите – ја убил Наташа, па самиот си пресудил.

Тој оставил и проштално писмо во неговиот автомобил, во кое на најблиските и семејството им ги напишал причините поради кои решил да ја убие Наташа и да си го одземе животот.

Како што соопшти Сител телевизија во автомобилот имало и сума од околу 500 евра, кои Игор ги оставил за неговиот погреб.

MK News

Автор инфо

2 Responses to “Наташа ја одбила понудата за брак, затоа била убиена – Познати деталите од прошталното писмо на Игор”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.