Научно докажано – душата постои


Стујарт Хамероф и Сер Роџер Пенроуз дошле до заклучок дека душата се наоѓа во мозокот, која после смртта на човекот останува да живее во универзумот.

Признатите научници на квантна физика успеале да дадат одговор на прашањето кое ги измачувало сите религии: Дали постои душа?

Американскиот д-р Стујарт Хамероф и британскиот психијатар Сер Роџер Пенроуз  научно докажаа дека душата всушност постои.

Мозокот – компјутер

Двајцата експерти се автори на новата квантна теорија на совеста, според која нашата душа се наоѓа во таканаречени микротубули или микроцевчиња, сместени во клетките на мозокот, а од таму после смртта може да излезат и да постојат во универзумот.

Двајцата на оваа теорија работеле од 1996 година, кога започнале од идејата дека мозокот е биолошки компјутер, составен од речиси 100 милијарди аксонални и синаптички врски – односно нервни клетки, кои се однесуваат  како информациски компјутерски мрежи. Тие сакале да докажат дека нашето свесно искуство е резултат на процесот што се одвива во микроцевките, кое го нарекле оркестрирана објективна редукција (Orch-OR).

Клиничка смрт е клучна

Експертите ги проучувале луѓето кои имале клиничка смрт. Нивните микроцевки ги губеле квантните податоди, но информациите во нив не биле уништени. Со ова Хамероф и Пенроуз потврдиле дека душата не умира, туку оди некаде во универзумот.

„Доколку после клиничката смрт лекарите успеат да го оживеат пациентот, сите квантни информации се враќаат во микроцевките, а личноста која била на на работ од животот тврди дека има чувство дека речиси починала. Па така е можно, кога едно лице всушност умира, неговите квантнти информации целосно да го напуштаат телото во вид на душа и да продолжат да постојат во вонтелесен облик некаде во универзумот“, објаснил доктор Хемероф.

Душата е во окото

Многу научници со години се обидувале да дојдат до теории со кои може да се објасни постоењето на човечката душа и да се дознае каде всушност таа се наоѓа. Па така, психолози од Универзитетот Јеил тврделе дека таа била сместена во човечкото око или околу очите.

Тие спровеле студија во која на голем број на волонтери им покажувале слики од цртани ликови, а на секоја ставале мал објект на различни позиции на телото (блиску до главата, абдоменот и нозете), но секогаш на исто растојание.

Луѓето ги доживувале како поблиски објектите во пределот на очите и ги издвоиле тие фотографии, па истражувачите заклучиле дека душата е кај сетилото за вид, а не во мозокот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1